ВЕТЕНА ЗЕМЈА: Се отвора врата и ќе им даваат четири пати повисоки плати
Објавено во: Финансии 23 Март, 2018
Од 1 јули Велика Британија ги отвора вратите за Хрватите.
Со ова тие ќе имаат работнички права исто како и работниците од другите земји од ЕУ.
Британската премиерка Тереза Меј го известила својот колега Андреј Пленковиќ дека се тргаат ограничувањата за нивните работници.
За Хрватите веќе нема да биде потребна работна дозвола за работа во Велика Британија.
Хрватска е единствена земја во ЕУ во која платите денес се пониски од оние во 2010 година.
Со новите правила Британија ќе привлече илјадници работници од Хрватска.
Луѓето кои во Хрватска работеле и по 15 часа дневно за 800 евра, сега ќе заработуваат четири пати повеќе.