20 Април, 2024
0.0274

Весникот „Политико“ открива во кои околности Франција ќе го смени ставот за датумот

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Весникот „Политико“ анализира под кои услови Франција може да го промени ставот во однос на датумот за преговори. 

Франција ќе се премисли само кога ќе стане јасно што може да добие за возврат, пишува денеска угледниот весник „Политико“, цитирајќи извори дипломати кои беа присутни на вчерашниот министерски состанок во Луксебмруг.

Жестока расправија се случувала на состанокот. Франиција била единствената земја која била против Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ, што предизвикало револт кај сите останати земји членки.


Франција се однесува како да сме веќе во пост-брегзит ситуација и како да треба само таа да ги носи сите одлуки, сметаат дипломатите.

Весникот пишува дека наводно францускиот претседател, Емануел Макрон ќе го повлече ветото под услов следниот негов предлог за комесар во ЕП да не биде одбиен. 

Пишувањата за можни пазарење временски се поклопуваат со новата средба меѓу Макрон и канцеларката Ангела Меркел, која денеска на меѓувладиниот состанок во Тулуз ќе се обиде аргументирано да го разубеди да даде зелено светло. Германија е сериозно разочарана бидејќи нема да го исполни она што го ветила веќе неколку пати, изјави  министерот за Европа при германското МНР, Михаел Рот. Поради тоа, Меркел е упорна во својата намера и доколку и тој обид не успее, од германската влада за Ројтерс велат дека  Меркел ќе ја стави темата за проширувањето на маса и на самитот на лидерите на ЕУ кој ќе се одржи утре и задутре во Брисел.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан