24 Април, 2024
0.0290

Весна е моето алармно светло: Интервју со Александар Микиќ, по успехот со филмот „Кајмак“

Објавено во: Стил 30 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Една од двете главни машки улоги во хит-филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски е како создадена за Александар Микиќ. Нашиот познат актер одлично го долови ликот на Карамба, за кој едноставно вели дека за среќа му е потребно малку: малку кајмак, малку ракиичка и... две жени. За Карамба, Микиќ вели дека има материјал да направи жив карактер кој го познаваме од секојдневието.

Зад камерите, во домашна атмосфера, Микиќ е горд на татко на близнаците Ена и Иво. Вели дека искуството кое неговата сопруга, харфистката и актерка Весна Станојевска- Микиќ го имала во филмот „Сенки“ му помогнало во работата со Манчевски. За неа, тој вели дека е неговото алармно светло.

* Извонредно ја одигравте улогата на Карамба во „Кајмак“, реакциите на публиката на премиерата се мерило дека Карамба веднаш ги собра симпатиите на народот. Каков лик е тој според вас, познавате ли слични во вашата околина?

- Карамба е многу сочно напишан лик, во сценариото имаше многу понуден материјал да се направи вистиниски и жив карактер кој го познаваме. Со Милчо некако се најдовме на иста бранова должина и уште во процесот на пробите одлично се надополнувавме. На пробите, а и во процесот на самото снимање гледав на Карамба да му дадам ведрина, едноставност, доза на хумор, а тоа што го нудев Милчо знаеше да го препознае и на тоа да додаде уште за Карамба да изгледа такаов како што е. Инаку кога би требало да го опишам Карамба со една реченица би рекол. Карамба е скромен, добар и харизматичен човек на кој не му терба многу да биде среќен, малку кајмак, малку ракиичка и... две жени.

* Заглавени во секојдневието кое се повторува, Карамба и Данче живнуваат кога Виолетка ќе се појави во нивниот живот. Водејќи се по оваа приказна, колку на нашиот просечен човек му треба за среќа, и треба ли за танго навистина тројца?

- Тешко е да се каже тоа. На Карамба и Данче љубовта, ако воопшто некогаш ја имало, се задушила во секојдневните обврски и проблеми и заедно се само заради тоа за да не бидат сами. Им се остваруваат најскриените желби кои дури и пред себе не ги помилуваат... но како вика народот: Внимавај што посакуваш може и да ти се оствари, но... да не откриваме сè.  

* Колку јачината на женските ликови ви помогна вистински да го доловите ликот, колку Ана и Симона се заслужни за Карамба да излезе каков што е прикажан?

- И Ана и Симона се прекрасни актерки и работата со нив беше вистинско задоволство.

* Како течеше снимањето на филмот, има ли сцена или случка од тој период која никогаш нема да ја заборавите?

- На сет беше доста забавно и опуштено што за филм со вакви сцени е вистинска реткост. А, за тоа вистинската заслуга му припаѓа на Милчо кој знаеше да направи пријатна и опуштена атмосфера, којашто се чувствува кога го гледате филмот. Во моментов не би можел да издвојам нешто ама мислам дека целиот процес уште долго ќе го паметам. Целото интервју со актерот Микиќ прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган