16 Мај, 2021
0.0216

Верче Белчовска од Берово е починатиот донор на сите органи, била најмлад член во семејството и ја прегазил несовесен возач кој побегнал

Објавено во: Македонија 17 Април, 2021

Верица Белловска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат потреба од тоиа, а доцна во утринските часови веќе на 22-годишно момче му беше трансплантирано срцето на момче на Клиниката за кардиологија, објави ММС.

Нејзиниот брат Мартин Белковски е единствениот кој останал да живее во Берово, додека останатите членови - постарата сестра, таткото и мајката се преселиле во Струмица.

„Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот“, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско,  за својата сестра Верица.

Несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица. 

-Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција, вели братот Мартин

Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берово, додека таткото Кирил, мајката Душана со двете ќерки Ана и Верица  се преселиле под кирија во Струмица. 

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

„Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција“, е последната информација на министерот за здравство Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти

СДСМ на Конгрес бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

СДСМ на Конгрес бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

Грците не пропуштаат патници без ПЦР тест или комплетна имунизација

Грците не пропуштаат патници без ПЦР тест или комплетна имунизација

По грешка му ја вбризгале втората доза од „Спутник V“, сега ќе се ревакцинира со првата

По грешка му ја вбризгале втората доза од „Спутник V“, сега ќе се ревакцинира со првата

Под знак прашалник е судбината на 50.000 дивоградби

Под знак прашалник е судбината на 50.000 дивоградби

Во кои градови има најмалку активни случаи на коронавирусот?

Во кои градови има најмалку активни случаи на коронавирусот?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигнаа 100.000 кинески вакцини, бројот на заразени со коронавирусот се намалува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигнаа 100.000 кинески вакцини, бројот на заразени со коронавирусот се намалува

Ректорот Јанкуловски: Препознавам дискриминизација во имунизацијата на професорите по универзитети

Ректорот Јанкуловски: Препознавам дискриминизација во имунизацијата на професорите по универзитети

Во наредните денови ќе имаме потопло време, но со попладневен дожд

Во наредните денови ќе имаме потопло време, но со попладневен дожд