23 Април, 2024
0.0277

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ И РЕНЕСАНСА: Explore Macedonia Tour, велосипед и кацига, сѐ што ти треба!

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Велосипед, кацига, насмевка. Ова се трите потребни состојки за гарантирано уживање со Explore Macedonia Tour. Неформално, ги замоливме да ни го доближат нивниот свет во којшто царува велосипедизмот, по повод претстојната и јубилејна 200 тура.

ФАКТОР: Од каде идејата за ваква здрава рекреативна активност и кој е “виновникот“ за започнување на овој здрав но и забавен проект?

Баже и Борис: Големата љубов кон велосипедот и она што тој нуди, доведе до разни прошетки во и надвор од Скопје (сам), што на многумина им беше чудно...па се вклучи мојот братучед Здравко Ацевски, и по некое време Борис Петрушевски (Администраторот на групата). Не мислејќи многу на здравјето кое го нуди велосипедизмот, водени само од желбата за прошетка некаде, па дури тоа и да значи да се изгубиме. Групата на Фејсбук имаше намена да се договараме за тури, постираме слики и слично...со не повеќе од дваесетинатина луѓе. Виновници...би рекол ние тројца.

ФАКТОР: Колку членови брои вашата екипа и кој сѐ може да се вклучи на турите?

Баже и Борис: Почнавме со околу дваесетина луѓе во март 2012, а денес броиме над 2.600 бајкери/ки, од најразличен профил и возраст, но најредовни се секогаш стотина бајкери/ки. Постои табела со учества на која има околу 600 лица. Учество може да земе секој кој поседува исправен велосипед и кацига, на било која од малите тури од типот на Матка, Марков Манастир, Катланово...па дури и малолетници во присуство на родител/старател, па потоа и на поголеми тури, зошто да не.

ФАКТОР: Прва тура, прва акција, прва најинтересна згода/незгода?

Баже и Борис: Првата тура беше до Катланово, по прав пат,а сепак 50 км. доста честа iи беше доста честа дестинација во текот на една година. Сме имале долги тури и кратки (за почетници), но од сите тури, би ги издвоил традиционалните тури за Охрид (тродневна) и (еднодневна) до Врање-тури кои многумина ги чекаат со нетрпение, а од згоди/незгоди можеме да набројуваме милион ситуации, од разни дефекти, до бркање со кучиња (момент кога дознаваш дека можеш да возиш и 100км на час), па до разни мали падови од велосипедот...за среќа, досега без никакви последици.

ФАКТОР: Кои се бенефитите од оваа активност?

Баже и Борис: Има многу бенефити од оваа наша пасија и секој доаѓа на турите од различни причини. Одржувањето на кондицијата и кардио вежби, па и губење на телесната тежина се за некого единствените бенефити, со учество само на малите тури. Возењето велосипед надвор од градските средини и дишењето на чист воздух е главниот бенефит, запознавање на државата надвор од автопатите, па секако следи запознавање на нови луѓе, дружби со истите, соработки...дури и љубовни врски се родиле за време на турите.

ФАКТОР: Комерцијален/некомерцијален карактер?

Баже и Борис: "Explore Macedonia Tour" е неформална група за велосипедски патувања која може да се најде на фејсбук, зачленувањето и членството се секогаш бесплатни, но групата си има и свои правила кои секој член ги гледа јасно во групата на фејсбук. За секое кршење на правилата кои се во рамките на општа култура, следува санкција.

ФАКТОР: Има ли дружба надвор од турите?

Баже и Борис: Најмалку еднаш неделно се дружиме на кафе по локални кафулиња во Скопје и тоа секогаш е објавено каде и кога, што значи дека било кој од групата е добредојден да се приклучи доколку е расположен. Обично тогаш се даваат предлози и идеи околу турите, групата...

ФАКТОР: Неколку зборови со коишто ќе ги натерате читателите да дојдат на следната тура?

Баже и Борис: Е.М.Т. постои за велосипедски патувања во Македонија и постои за сите вљубеници во овој спорт како и за оние кои сакаат да се дружат. Секој може да земе учество, бесплатно е, здраво е, забавно е... и топло препорачувам вело дружби наместо држење маус дома или некое друго денгубење од безидејност. 

Во продолжение погледнете ги сликите од Е.М.Т којашто инаку, е најстара и најбројна група, а доколку сте заинтересирани пријавете се и станете “зависници“ од овој спорт.



Можеби ќе ве интересира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“