Велосипедист тешко повреден во Скопје
Објавено во: Македонија 20 Април, 2018
Во сообраќајна несреќа во текот на вчерашниот ден во Скопје тешко повреден е велосипедист.
Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 20,30 часот во Скопје, на булевар „Кочо Рацин“ кога патничко моторно возило „Опел Астра“ управувано од Ј.С.(80) од Скопјe удрило во велосипедистот А.Т.(25) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ се здобила А.Т. . Извршен е увид на местото на настанот.