ВЕЉАНОСКИ, РИСТОВСКИ, ЈАНАКИЕСКИ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА: Им се суди за 27 април
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020
Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, но и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се меѓу осомничените за настаните од 27 април 2017 година кога толпа луѓе влезе во законодавниот дом и имаше насилство врз пратеници од спротивниот блок. Судскиот процес почнува денеска, а на обвинителната клупа нема да ги има амнестираните за процесот - меѓу кои тие кои отворија врати на Собранието. Останатите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Во обвинението стои дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април.
ОЈО тврди дека била вклучена цела партиска структура за да се овозможи акцијата и протестите, дури организирајќи ги од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.