ВЕЛИКА БРИТАНИЈА „ВО ПЛАМЕН“: Хаос на улиците поради убиството на трите девојчиња
Објавено во: Свет 05 Август, 2024
Немирите во Велика Британија поради убиството на три
девојчиња во Саутемптон на почетокот на минатата недела се разгореа низ целата
земја викендов.
Повеќе од 150 луѓе беа уапсени додека полицијата се обиде да го спречи насилството во Ливерпул, Хал, Бристол, Манчестер, Белфаст, Ротерам, Мидлсброу, Болтон и други градови.
Екстремно десничарските демонстранти фрлаа димни бомби, камења и шишиња кон полицијата, запалија продавници во Блекпул и се судрија со антифашистичките групи.
Премиерот Кир Стармер ја вети својата „целосна поддршка“ на полицијата во борбата против „екстремистите“ кои се обидуваат да „сеат омраза“.
За денеска, тој закажа итен состанок со специјалниот комитет за одговор на итни случаи на британската влада, кој ги собира министрите, државните службеници, полицијата и разузнавачката служба.
Цела недела расте тензијата во Британија по убиството на трите девојчиња на работилница за танца именувана по американската поп ѕвезда Тејлор Свифт во градот Саутпорт минатиот понеделник, на 29 јули.
Во телевизиско обраќање, Стармер им рече на бунтовниците дека ќе „зажалат“ што ќе учествуваат во насилните протести.
„Луѓето во оваа земја имаат право да бидат безбедни, а видовме муслимански заедници како мета на напади и џамии.
„Нацистички поздрави на улица, напади врз полицијата, бесмислено насилство со расистичка реторика... Нема да се двоумам да ги наречам со вистинското име: екстремно десничарски силеџии“, рече британскиот премиер.
Во Ливерпул, околу илјада демонстранти фрлаа шишиња и факели кон полицијата, при што беа повредени двајца, додека неколку стотици антифашистички активисти се собраа во близина и извикуваа: „Нацистички ѓубриња, тргнете се од нашите улици“.
Ништо подобро не поминаа во Ротерам, каде што најмалку 10 полицајци беа повредени, а еден изгуби свест, кога демонстрантите фрлаа даски кон нив и ги испрскаа со противпожарни апарати, соопшти полицијата во Јужен Јоркшир.
фото: EPA-EFE/STR