07 Декември, 2019
0.0177

Веднаш започнува реализацијата на договорот на Вучиќ, Заев и Рама

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2019

Денеска започнаа техничките подготовки за спроведување на Декларацијата за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал на Западен Балкан, која беше договорена и потпишана во Нови Сад од страна на лидерите на Србија, Македонија и Албанија - Александар Вучиќ, Зоран Заев и Еди Рама.

Ова го потврди советникот за медиуми на српскиот претседател Сузана Васиљевиќ, која изјави дека на следната средба на лидерите на трите држави за протоколот, на 10 ноември во Охрид ќе се презентира сето она што е направено во врска со декларацијата.

-Тие имаат задача да решат одредени работи, како што се отворањето граници до 2021 година, донесувањето прописи за пазарни инспекции и проток на стоки и капитал, неколку билатерални работи, изјави Васиљевиќ.

Таа додаде дека на вечерата во Нови Сад до детали биле утврдени принципите и основните точки и лидерите успеале за три часа да се договорат „за нешто што други не успеале ни за 30 години“.

Како што вели таа, „малиот Шенген“ не е замена за ЕУ, но е добра порака.


Можеби ќе ве интересира

Кој во Штип а кој во Гевгелија ги прави најголемите пари?

Кој во Штип а кој во Гевгелија ги прави најголемите пари?

К-15 не им следува на сите вработени: Кога го губи работникот правото на регрес?

К-15 не им следува на сите вработени: Кога го губи работникот правото на регрес?

Дел од скенирачите на фискални сметки се офајдија, што е со останатите на кои не им легнаа пари од „Мој ДДВ“

Дел од скенирачите на фискални сметки се офајдија, што е со останатите на кои не им легнаа пари од „Мој ДДВ“

Преку „Купи куќа, купи стан“ одобрени скоро 100 кредити: Кои се новите поволности за младите?

Преку „Купи куќа, купи стан“ одобрени скоро 100 кредити: Кои се новите поволности за младите?

СЕ ИСЕЛУВААТ И ГЕРМАНЦИТЕ: Ова е земјата која нуди повеќе можности за нив

СЕ ИСЕЛУВААТ И ГЕРМАНЦИТЕ: Ова е земјата која нуди повеќе можности за нив

Странските инвеститори очекуваат намалување на царинските стапки согласно доставеното Барање до Владата

Странските инвеститори очекуваат намалување на царинските стапки согласно доставеното Барање до Владата

Важни измени кај данокот за личен доход

Важни измени кај данокот за личен доход

КИФ-ДИХК проект за јакнење на капацитетите на коморите и поврзување на регионот

КИФ-ДИХК проект за јакнење на капацитетите на коморите и поврзување на регионот

Заев: Очекував поголем раст на БДП

Заев: Очекував поголем раст на БДП