Веднаш по Божиќ: Со државните обврзници ќе се тргува на берза
Објавено во: Финансии 31 Декември, 2018
Од следниот вторник на берза ќе котираат и ќе се тргува со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070 денари.
Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.
Според рочноста има пет двогодишни обврзници, седум тригодишни, четири петгодишни обврзници, 39 десетгодишни, 74 петнаесетгодишни обврзници и три триесетгодишни обврзници
„Согласно потпишаниот Договор помеѓу Министерството и Берзата, во наредниот период ќе продолжи котацијата на сите идни емисии на државни обврзници за кои ќе биде поднесено барање од Министерството до Берзата, информираа од Макеоднска берза.