13 Септември, 2024
0.0250

ВАЖНО ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - треба да се изјаснат до 22 септември, нема да имаат никакви трошоци за прифаќање на понудата

Објавено во: Финансии 28 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Како што веќе објави Фактор, деновиве Комерцијална банка ја претстави понудата за купување на акциите, како и Проспектот за преземање на Стопанска банка Битола.

Објавивме детали кои се имателите на акции во Стопанска банка Битола, и колку средства се очекува тие да земат доколку ја прифатат понудата и решат да ги продадат сите свои акции.

А, откриваме уште неколку интересни детали од понудата. 

Имено, пореземачот, а тоа е Комерцијална банка, се обврзува да ја купи секоја обична акција со право на глас издадена од СТБ, во согласност со пропишаните правила и објавените услови. 

Преземачот се обврзува да ги откупи сите 390.977 обични акции со право на глас по цена од 3.200 денари по акција. 

Утврдената цена е за 16,78 отсто повисока од просечната на тргување во последните 12 месеци пред известувањето на намерата за преземање. Просечната цена во тој период била 2.740,21 денар.

На имателите на хартии од вредност нема да им се наплатуваат трошоци за прифаќање на понудата за преземање, односно сите трошоци во врска со понудата за преземање ги сноси преземачот.

Преземачот на сметка во ЦДХВ уплати сопствени средства во иснос од 1.251.126.400 денари или 20,343 милиони евра.

Плаќањето на акционерите кои ќе ја прифатат понудата се врши со исплата на парични средства од страна на ЦДХВ, во рок од 8 дена од приемот на Решението на Комисијата за хартии од вредност, со кое се утврдува успешноста на понудата.

Дали ќе ја прифатат понудата акционерите на СТБ ќе треба да се изјаснат до 22 септември оваа година.

Понудата ќе се смета за успешна ако ја прифатат иматели на 261.956 обични акции, што е 67 отсто плус една акција.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - основната каматна стапка намалена за 0,25

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КОЛКАВА ПЛАТА ВИ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОБАР ЖИВОТ ВО ЕВРОПСКИТЕ МЕТРОПОЛИ: Плата помеѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра во оваа земја

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ЕВЕ КАДЕ БОГАТИТЕ ГИ „ИСТУРААТ“ ПАРИТЕ: Вложуваат милиони и не планираат да запрат

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

ЕВЕ КОЛКАВ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛЕЦОТ ВО ГЕРМАНИЈА:Оваа плата ја земаат 45 милиони луѓе

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија