31 Мај, 2020
0.0396

ВАЖИ ЗА СЕКОЈА ФИРМА: Mоже да доставуваат фактури електронски

Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Март, 2020

Фирмите може да доставуваат фактури по електронски пат. 

Ова денеска го соопшти Министерството за финансии.

Владата донесе уредба со која, со цел превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ. 

Ова ќе важи без разлика дали фактурата е потпишана со дигитален сертификат или не. 

Со ова компаниите ќе се ослободат од потребата за печатење и достава на фактури во услови на намалени ресурси и дополнително ќе се стимулира промена на навиките во иднина. 

„Опцијата за печатена фактура за оние граѓани и фирми што го преферираат тоа и понатаму е отворена. Доколку компанијата поседува имејл или контакт-телефон од купувачот, ќе може да почне да му ги испраќа фактурите по електронски пат. Доколку не поседува, ќе продолжи да им ги испраќа во печатена форма по пошта на тие приматели. Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот, ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори, ќе се смета дека се согласил“, информираат од Министерството за финансии. 

Фактурата во електронска форма ќе мора да ги содржи сите елементи за цели на ДДВ, додаваат оттаму. 

Можеби ќе ве интересира

Државата собрала 13 проценти помалку од даноци годинава

Државата собрала 13 проценти помалку од даноци годинава

Од следната недела стигаат владините картички, можете и да ги одбиете

Од следната недела стигаат владините картички, можете и да ги одбиете

Ангеловска: Можно е зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство

Ангеловска: Можно е зголемување на акцизата на екстралесното масло за домаќинство

Ангеловска-Бежоска за „Глобал капитал“: Да го зголемиме потенцијалот на земјата

Ангеловска-Бежоска за „Глобал капитал“: Да го зголемиме потенцијалот на земјата

УШТЕ ДЕНЕСКА: Погледнете дали УЈП ви пресметала точен данок

УШТЕ ДЕНЕСКА: Погледнете дали УЈП ви пресметала точен данок

ЕВРООБРЗНИЦАТА ЌЕ СПАСУВА: Кризата креираше буџетски дефицит од 197 милиони евра до април

ЕВРООБРЗНИЦАТА ЌЕ СПАСУВА: Кризата креираше буџетски дефицит од 197 милиони евра до април

Граѓаните се уште бараат одложување на кредитните рати

Граѓаните се уште бараат одложување на кредитните рати

Се подготвуваат картичките „Купувам домашно“, еве ги деталите

Се подготвуваат картичките „Купувам домашно“, еве ги деталите

За три дена позајмивме 860 милиони евра - новите 160 милиони се од ЕУ

За три дена позајмивме 860 милиони евра - новите 160 милиони се од ЕУ