19 Април, 2024
0.0273

ВАЖИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Во Косово влез само со негативен корона тест

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани во Косово ќе можат да патуваат со негативен корона тест. 

Граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора од утре ќе треба да достават негативен ПЦР-тест, и тоа само доколку имаат дозвола за престој или имаат закажано лекување на Косово, објавија косовските медиуми.

Косовската влада ќе бара од граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. 

Оние што ќе слетаат на аеродромот „Адем Јашари“ ќе бидат ослободени од ова правило доколку потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во рок од 3 часа. 

Ниту патниците во транзит на аеродромот „Адем Јашари“ нема да мора да имаат негативен ПЦР-тест.

Камионите и патничките автомобили во транзит исто така не мора да имаат негативен тест, но ќе мора да потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во наредните 5 часа.

Акредитираните дипломати и членовите на нивните семејства исто така се ослободени од обврската да достават негативен ПЦР-тест.

Македонија минатата недела воведе задолжителен ПЦР-тест за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и БиХ.

Во регионот расте бројот на заразени од коронавирусот. 

Деновиве во Косово на дневна основа имаше и над 200 заразени. 

Земјите од Балканот никако да ги стабилизираат новите високи бројки на новозаразени од Ковид -19. 

Во Македонија денес има нови 88 заразени. 

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне