28 Март, 2024
0.0248

Васил е на дното на обложувалниците, но и тие се дел од игрите на големите лоби групи: Александра Јовановска шеф на евровизиската делегација во Ротердам

Објавено во: Стил 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Александра Јовановска, е единствениот преставник од МРТВ на Евровизија во Ротердам, Холандија со двојна улога - шеф на делегација и шеф на прес.

Верува дека во вечерашното полуфинале жирито ќе го награди нашиот претставник Васил Гарванлиев. Доколку и публиката се поврзе со песната шансите се добри за успешен пласман.

* Годинава отпатува сама во Ротердам, како се справуваш со обврските, знаејќи дека Евровизија е обемен проект?

-Во изминатите петнаесет години колку што работам во Македонската телевизија, не се сеќавам дека имало толку мала екипа на Евровизија и само еден претставник од МТВ. Но, такви се условите годинава и драго ми е што одговорните ми ја доверија задачата да ја предводам делегацијата во Ротердам. Мојата работа е да ги испочитуваме протоколите во Ротердам и да ја спроведеме агендата. Секако сценскиот настап, костимографијата, целиот концепт се претходно подготвени. Може само да се усовршат замислените идеи за севкупното сценско претставување. За тоа е задолжен тим од Шведска, односно тандемот Мари Рибергер и Тине Матулеси. Тине е со нас во Ротердам и се бори на секоја проба да го добиеме максимумот.


Даруваме само поддршка и љубов

* Каква е атмосферата во тимот? 

-Имаме фантастична енергија во тимот, а за тоа е виновен Васил, бидејќи е еден од најголемите професионалци со кои сум имала прилика да соработувам. Тој поседува класичарска дисциплина и големо сценско искуство, знае зошто е во Ротердам и со голема посветеност работеше низ целиот процес. Верувам дека по се што се случуваше, многумина сепак ќе бидат доблесни и ќе дадат аплауз за неговиот настап. Во Ротердам пристигна и неговиот продуцентско-менаџерски тим од Чикаго, составен од Џозефин Марфи и Брајан Фарина, професионалци од музичката индустрија со Греми номинации и освоени Греми награди. Во тимот е и Јелмаз Дервиши, ПР на Васил, како и Расел Дејвис, долгогодишен волонтерски соработник на нашата делегација. Кај нас владее позитивна енергија, ние сме мал, но компактен тим. Секој се грижи за својот дел и се договоривме да си веруваме еден на друг во процесот, а да си даруваме само поддршка и љубов!

Целото интервју на Женски магазин овде

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи