29 Март, 2024
0.0232

Ваљон Салиху, Портпарол на град Скопје: Нема да ме препознаете без брада

Објавено во: Стил 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Релаксирањето денес во она што го работиме е привилегија ако знаеме како да си ја обезбедиме. Брзиот животен ритам, работата, семејството се дел од нашето секојдневие и целосни сме кога знаеме да ги искординираме нештата во вистинска насока.

Валон Салиху, Портпаролот на град Скопје е човек од акција. Сто проценти спремен да одговори на предизвиците. Има набиена агенда на работа, но професионализмот не му дозволува да не биде се’ под конец. И во целиот тој работен распоред, Салиху знае колку координацијата има влијание, па многу паметно ја распоредува.

- Станувам рано, затоа што работниот ден ми почнува во 8:30 наутро, и истиот скоро секој ден го почнуваме со координативен состанок со кабинетот на градоначалникот. Често знае денот да ми почне многу порано како резултат од утринските гостувања во некоја утринска емисија. Скоро секој втор ден имаме некој настан за организирање или прес на градоначалникот и 50% од денот обично го посветувам со самата организација и сето тоа што следи од после. Другите 50% ми се различни состаноци, интервјуа, одговарање на прашања поставени од новинари кои често знаат да се многу, дизајнирање постери и инфографици или монтирање на видеа и слично и секако координации со градоначалникот во врска со комуникациските стратегии на градот. Работниот ден официјално ми завршува во 16:30 меѓутоа, неофицијално знае да ми заврши и во 23:00 часот навечер кога се случува да добијам некоја обврска за следниот ден или сум на некој настан организиран од страна на градот. Најубавиот и најквалитетниот дел од денот ми е периодот кога ќе се враќам дома затоа што тој дел од денот го поминувам со мојата нај сакана личност а таа ќерка ми  Луна- вели Ваљон.

Сите слики и детали на Машки магазин овде