Вакцинацијата на новинарите во Србија ќе почне во вторник

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2021
Вакцинацијата на новинарите кои известуваат од терен и
медиумските работници неопходни за функционирање на редакциите ќе започне во
вторник во Србија, соопшти денеска Здружението на новинари на Србија (УНС).
-Вакцинацијата на новинари и други медиумски работници против Ковид-19 ќе започне во вторник, истакнуваат од Здружението на новинари на Србија, по чија иницијатива новинарите се вклучени во приоритетните групи за имунизација“, објави УНС.
Здружението апелираше до редакциите да ги земат предвид најзагрозените колеги од дневните редакции, новинари, сниматели, фоторепортери и други кои поголемиот дел од своето време го поминуваат на терен или оние на кои здравјето им е најзагрозено поради други објективни причини.
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ порача дека учебниците ќе ги пишува само Србија, а кому не му се допаѓа дека се жали во ОН и ЕУ

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Мајка ги фрли четирите деца од трети кат за да ги спаси

Словенци кои биле во Намибија се вратија дома заразени со јужноафриканскиот сој

Во соседна земја 12.000 луѓе годишно умираат од загаден воздух

СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот

СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Доктор Славица ги разбива дилемите: Од што зависи јачината на имунитетот по примање на вакцината Aстра/Зенека
