25 Април, 2024
0.0291

Увозник на струја заработил безмалку 150 милиони евра од Македонија

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Кузмановски

Странскиот трговец со струја ГЕН-И ДООЕЛ наплатил повеќе од 147 милиони евра за продажба на електрична енергија во нашата земја, со што подружницата на оваа словенска компанија во Македонија се најде меѓу 10-те фирми со најголеми приходи во 2018.  Во Македонија годишно се купува, односно продава електрична енергија во вредност од стотици милиони евра од увозници, но овој трошок се смета за загуба за земјата ако под претпоставка истите пари бидат вложени во производство.

Словенците се најдоа на 9.позиција со приход од 147,3 милиони евра од продажба на струја минатата година и 374-ти воопшто во Југоисточна Европа преку тогаш делумно либерализираниот пазар во Македонија. Продажбата на годишно ниво е зголемена за 20,5 отсто, но профитот и натаму е минимален од година за година од 300 до 350 илјади евра. Инаку, матичната компанија која продава струја и во западноевропските земји има 2,4 милијарди евра продажба целосно и е на 2.место во Словенија.

- Ова е трговец кој продава над милијарда киловат часови струја во Македонија, но непозната е цената по која ја продава истата на тендерите, бидејќи не е обврзана, а инаку теоретски е можно толкаво тргување. Инаку електричната енергија им ја продава на снабдувачите, а од таму истата ја трошат и плаќаат потрошувачите, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Инаку убедливо број еден во рангирањето за најголеми остварени приходи е странскиот инвеститор од хемиската индустрија Џонсон Мети. Произведувачот на катализатори имал продажба од 1,75 милијарди евра и профит од 97,8 милиони евра. Во Топ-200 компании во Југоисточна Европа се уште ОКТА АД со 450 милиони евра, ЕВН Македонија АД со 370 и Макпетрол АД со 358 милиони евра приходи.

Државната Електрани Македонија е на петто место со 223 милиони евра, а потоа следуваат странските инвеститори кои со Џонсон Мети ја заокружуваат големата тројка - Кромберг и Шуберт со 223 милиони евра и Ван Хол со 179 милиони евра. Наедно тие имаат и најголем пораст на продуктивноста или раст за една година од 47,3 отсто, односно 32,16 проенти.

Пред ГЕН-И ДООЕЛ е Телеком Македонија со 173 милиони евра и ЕВН Дистрибуција како втора подружница на австрискиот инвеститор со 140 милиони вера. Осумцифрени добивки, покрај Џонсон Мети, имаат уште Електрани Македонија (27,2 милиони евра), Телеком (23,1), ЕВН Македонија(17,2), Макпетрол (12,7) и Ван Хол (12,4).


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија