19 Април, 2024
0.0278

Увозниците стравуваат, од Царината смируваат - ќе поскапат ли и колку половните возила

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Не сите се задоволни со новиот данок на моторни возила, кој почна да се наплатува на стартот на годинава, наместо досегашната акциза. Увозниците на половни автомобили вчера излегоа на протест пред Царината, уплашени дека данокот ќе ги поскапи користените возила, а тие ќе останат без работа. Царинските власти ги викнаа на разговор, порачувајќи им да не наседнуваат на некои, како што ги нарекуваат, шпекулативни пресметки кои кружат низ јавноста.

Сопствениците на плацеви побараа да се укине новиот данок на моторни возила и да се применува досегашниот закон. Сметаат дека со новиот данок граѓаните ќе бидат во загуба, бидејќи возилата ќе поскапат, а тие нема да успеат да го обноват возниот парк и да набават поеколошки автомобили.

Според пресметките на некои од увозниците на половни возила, давачките сега им се зголемуваат за три пати, или, ако досега плаќале по 400 евра од возило, сега тој трошок се зголемува на 1.200 евра.

Многумина од увозниците имаат големи нејаснотии околу возилата кои се оцаринети пред почетокот на примената на новиот закон, и не знаат дали тие подлежат на дополнителен данок или не, а нејасна им е и состојбата со возилата кои се на пат за испорака во нашата земја.

По состанокот што го имале со увозниците, царинските власти излегоа со соопштение, во кое признаваат дека има забелешки за законот кој стапи на сила од први јануари.

„Како една од главните дилеми посочена на состанокот, беше практичната примена на законските одредби, и нејаснотиите со кои се соочуваат увозниците на половните возила при пресметката на новиот данок, како и зголемувањето на давачките, за кои стравуваат дека ќе предизвика прекин во нивното работење“, велат од Царинската управа.

Увозниците јасно им кажале на царинските власти дека тие даваат поддршка на даночни измени со кои би се стимулирал увоз на еколошки автомобили, но притоа мора да се води сметка за куповната моќ на граѓаните, кои тешко можат да си дозволат купување на поскапи возила.

Од Царинската управа, пак, за да ги разубедат увозниците, дури и им направиле неколку практични пресметки за тоа колку данок ќе треба да платат за увоз на одредено возило.

„Беше заклучено дека во делот на начинот на пресметка, се уште во јавноста кружат шпекулативни пресметки, кои во многу случаи ги доведуваат и увозниците и купувачите во заблуда, при што граѓаните се во дилема колку давачки треба да се платат за возилата. Од страна на Царинската управа беше истакнато дека граѓаните овие давачки можат сами да ги пресметаат, доколку го користат калкулаторот кој е објавен на веб страната на Царинската управа, кој е воспоставен за таа цел. Беше предложено да се организира директно презентирање на законските одредби пред увозниците по региони и да се расчистат дилемите со кои се соочуваат во моментот“, напишаа во соопштението од Царинската управа.

Од таму го наведуваат и линкот до калкулаторот, преку кој можат да се направат соодветните пресметки -  http://ite.customs.gov.mk:9070/userForm ).

Царинските власти и натаму тврдат дека согласно новиот закон, возилата со вредност до 10.000 евра се даночат исклучиво само по тоа колку загадуваат, а не како досега по вредност на возилото.

„Тие што имаат помали емисии на СО2 плаќаат помалку давачки од тие кои емитуваат повисоки износи на СО2. За возила со вредност над 10.000 евра пресметката се врши и по емисијата на СО2 и по вредност на возилата“, велат од Царината.

Во врска, пак, со дилемите на увозниците дали треба досега оцаринетите возила да платат данок, царинските власти потенцираат дека сите постапки што биле завршени по стариот закон, не подлежат на дополнителна наплата на данок на моторни возила, па автомобилите можат слободно да им се продаваат на купувачите.

Состанокот меѓу увозниците и царинските власти завршил со заклучок дека тие внимателно ќе ги разгледаат доставените забелешки, по што повторно ќе има средба со сите засегнати страни околу овој закон.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?