УТРИНСКИ ФОКУС: Митинзи и денеска, Кој јавен сектор за плати јаде 108 милиони евра
Објавено во: Економија 17 Април, 2019
Во фокусот на Фактор ова утро ги издвојуваме овие наслови ...
За што плативме 108 милиони евра, а сите се незадоволни?
*Соодносот на расходите кои од парите на буџетските корисници ФЗОМ ги префрла на државните болници е зачудувачки. Верувале или не половина од сите пари што ФЗОМ ги исплатил за периодот јануари – септември 2018 на држaвните болници е 213,87 милиони евра. Половина од тие пари односно 50,6 отсто или 107 милиони евра се за плати на вработените... Детали за тоа колку - Кој јавен сектор за плати јаде 108 милиони евра, а пак сите се незадоволни?
* Со колку пари го наполнија државниот буџет најкрупните компании во Македонија
Најкрупните 300 компании кои се „муштерии“ во Дирекцијата за големи даночни обврзници на Управата за јавни приходи во 2018 година го наполниле државниот буџет со 900 милиони евра, односно 54.997 милиони денари, плаќајки ги сите фискални давачки.
*Македонски иноватори: ИМПАЛА мери несвесни реакции на испитаници преку камераЕден поинаков пристап во маркетингот – новини кои инспирираат, кои прават земјотрес на целата индустрија, ама во позитивна смисла. За луѓето кои не се во тој бизнис-сегмент, ама и за сите вклучени во маркетингот – компанијата Стратум РиД буквално држи лекции за маркетинг истражувања и за иновациски менаџмент. Кога Весна Кузмановиќ зборува за нејзината компанија, тоа е скромно, ама амбициозно. Суштината е дека тие создаваат револуција во овој домен. Ова тврдење го докажаа и со платформата ИМПАЛА. Платформа базирана на неуромаркетинг односно платформа преку која се мерат несвесни реакции на испитаници преку камера од лап топ.
*Умираат пчелите во земјава: Ќе имаме ли мед и колку ќе чини?
Изумираат пчелите. Проблемот е глобален, ама трендот е присутен и во Македонија.
Пчеларите кои ги консултиравме потврдуваат дека смртноста на пчелите се зголемува и се загрижени. Според нив клучна причина за поголемата смртност се пестицидите, исектицидите, хербицидите, но и зрачењето од мобилните телефони, глобалната климатска промена во светот кои на крај доведуваат до изумирање на видовите, па и на пчелите.
*Избори 2019
Денеска нови митинзи. Каде ќе митингуваат претседателските кандидати денеска читајте тука.