УТРИНСКИ ФОКУС: Како ТТК банка направи профит од 1,8 милиони евра
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2020
* Блага вест за „Тетекс“ – неговата банка направи профит од 1,8 милиони евра- Оваа вест е во фокусот на Фактор ова утро.
ТТК Банка објави дека лани остварила добивка по оданочување од 1,76 милиони евра и тоа е за 115.000 евра повеќе од 2018 година. Тоа е за 7 отсто подобар резултат од 2018 година! Солиден раст во услови на остра банкарска конкуренција.
*
Рез кај приватните друштва, повеќе пари за државниот ПИОМ: ВМРО-ДПМНЕ најавува амбициозна реформаВМРО-ДПМНЕ планира, ако победи на следните парламентарни избори, комплетно да го промени начинот на кој се делат парите меѓу државниот и приватните пензиски фондови, а тоа ќе се прави со намалување на делот од придонесите кои се издвојуваат кон друштвата од вториот задолжителен пензиски столб.
*
РАБОТА ВО ТУРИЗМОТ: Илјада сезонци ќе бидат потребни во Охрид и СтругаКелнери, готвачи, чистачки ќе бидат потребни оваа сезона во Охрид и Струга, потврдуваат од ХОТАМ.
*Владата му одобри пренос на концесија од мала хидроцентрала на Феро Инвест
Феро Инвест го збогати своето портфолио со нова мала хидроелектрична централа која произведува струја од обновливи извори на енергија по повластена тарифа со минатонеделна одлука на Владата за давање на согласност за пренос на уделот од концесијата на Хидро Еко Инженеринг, друштво кое веќе ја има потребната лиценца од 2011, а од 2013 ja има и дозволaта за повластено субвенционирање.