23 Февруари, 2020
0.0198

УТРИНСКИ ФОКУС: Додека Давос поместува граници, во Македонија нерегистриран пензиски стаж

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2020

Армија граѓани пријавија дека имаат дупки во пензискиот стаж и покрај тоа што Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги демантираше наодите на Државниот завод за ревизија дека има проблеми со архивите во документите. Фактор објавува дел од сведоштвата на засегнатите денеска. Оливера Доцевска, адвокат и претседател на Јустиција, вели дека без оглед на тоа дали податоците се изгубени, или кај одредени осигуреници нема утврдени периоди на осигурување, каде Фондот ја префрла одговорноста на законската обврска за доставување на документацијата од областа на трудот на граѓаните, и без оглед на тоа дали станува збор за мала или голема бројка, станува збор за луѓе, кои работеле цел животен век и имаат право на сигурност во староста.

Трет ден Фактор објавува и ексклузивни репортажи од Давос. Сите интересни детали ни ги праќа Аријана Коскарова, Форбес под 30 и спикер на годинешниот форум во Давос. Фактор објавува екслузивни фотографии од Форумот, единствен медиум во земјава кој ги има.

А во земјава Агенцијата за електронски комуникации ги објави анализите за големопродажниот пазар во јавната мобилна комуникациска мрежа, за која допрва ќе се дебатира, но генералните заклучоци се дека во следните три години нема да влезе трет голем мобилен оператор кој ќе му конкурира на дуополот и дека во тренд ќе биде зголемувањето на услугите, а не намалувањето на цената. Целата наша анализа за ова, во денешниот текст овде.

Друга тема за внимание е дека Македонија увезла лани речиси 9.000 тони или точно 8,9 милиони килограми машински обезкостено месо со кое домашни компании направиле виршли и посебни салами. Законски увозот е дозволен иако во Европската Унија регулативата за употреба на оваа суровина е поригорозна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за Фактор велат дека редовно земаат мостри за лабораториско испитување при увоз или при сомнеж, но дека вршат и инспекциски контроли на готови производи.

А деталите за за тоа до каде е во парламентот предлог законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите на јавните претпријатија формирани од општините ги анализираме овде. Онака како што сега стојат работите, тоа ќе биде многу тешко, бидејќи опозицијата жестоко се противи на таквата намера. Предложеното законско решение засега останува „заробено“ во собраниските лавиринти.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Министерката Ангеловска очекува невработеноста да се намали на 16 отсто

НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Министерката Ангеловска очекува невработеноста да се намали на 16 отсто

РАЗЛИКA ВО ПЛАТИ: Со четири месеци работа земаат колку еден програмер

РАЗЛИКA ВО ПЛАТИ: Со четири месеци работа земаат колку еден програмер

Компаниите бараат владеење на правото, со Италија има можност за поголема соработка

Компаниите бараат владеење на правото, со Италија има можност за поголема соработка

Анѓушев на 98 години - Стопанска комора: Порано проблемот беа финансиите, сега кадарот

Анѓушев на 98 години - Стопанска комора: Порано проблемот беа финансиите, сега кадарот

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

Водоводни дефекти на неколку улици, проблемот во Гази Баба саниран

Водоводни дефекти на неколку улици, проблемот во Гази Баба саниран

ТОП ПЕТ НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде се „кријат“ највисоките плати во земјава

ТОП ПЕТ НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде се „кријат“ највисоките плати во земјава

ОПОЗИЦИЈАТА КРИТИКУВА, ВЛАСТА СМИРУВА: Јавниот долг расте а се наѕира и нова еврообврзница

ОПОЗИЦИЈАТА КРИТИКУВА, ВЛАСТА СМИРУВА: Јавниот долг расте а се наѕира и нова еврообврзница

Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце

Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце