28 Март, 2024
0.0307

УТРИНСКИ ФОКУС: Боки 13 во Притвор - Што сработи Катица Јанева

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Досие Боки13: Од реално шоу, до Си-ен-ен, па до Шутка

Со лициси на рацете во Шутка. На Бојан Јовановски му е одреден притвор од каде ќе чека вести и ќе биде повикуван да дава исказ во случајот кој вчера го обелодени Јавното обвинителство, а во кој тој се сомничи дека тргувал со влијание и успеал само од едно лице да извлече 1,5 милиони евра. Откако се појави е познат како Боки 13. Беше шоумен, често во јавноста предизвикуваше внимание, а стана познат по тоа што облекуваше женска облека, ама секогаш и скапа и брендирана. А како стаса токму тој да тргува со влијание, токму тој да е толку близок со обвинители, бизнисмени. Како во неговата личност успеа да концентрира моќ, да отвори телевизија, да се зближи со политичари, со бизнис елитата во земјава и како на крај тивко вечерта синоќа замина во Шутка?

* Има и видео и аудио докази: Што си пишувале Боки 13 и обвинителката на телефон

Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има аудио снимки кои како докази ќе ги употреби во случајот против Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески Кичеец во случајот кој вчера го обелодени а во кој ги сомничи за трговија со влијание врз јавен обвинител и за перење пари. Тие доцна синоќа добија 30 дневен притвор, а обвинителката Вилма Рускоска соопшти дека во истрагата не се обезбедени обележани пари, но дека имаат други докази кои ги иницираат сомнежите.

Таа рече и дека е одземен мобилен телефон на еден јавен обвинител, но дека не е вршен претрес во незјиниот дом. Извршен бил претрес во домот на Боки 13 и во неговата канцеларија од која е одземен комјутерот.

Боки 13 и лично и се обрати на Рускоска: Лажете

Бојан Јовановски доби притвор, а обвинителката Вилма Рускоска веднаш по одредувањето даваше изјава со некои детали од истрагата. Додека зборуваше Боки 13 беше изведен од судот и требаше да помине токму покрај Рускоска.

„Се извинувам додека зборувате лаги што ве прекинувам“, рече тој 

Претходно заврши и распитот на второосомничениот Зоран Милески, кој исто така заврши во притвор.

Катица Јанева: Од големи очекувања до неславна оставка

Иако се очекуваше да го засили темпото со промената на извршната власт и рекордната поддршка од 63 отсто да ја верификува со резултати, СЈО предводено од Катица Јанева западна во длабоки компромитации и голем пад на рејтингот, за пикот на се да биде нејзината (не)очекувана оставка  и евентуална поврзаност со рекетари, Таквиот, условно наречен, „крај“ е над посакуваните очекувања дури и за најголемите нејзини критичари 

Инаку СЈО во досегашниот безмалку четиригодишен мандат на Јанева преслуша, анализираше и обработи околу 600 илјади аудио фајлови, а за својата работа има финансиски буџет од околу три и пол милиони евра евра годишно. Доби пет осудителни предмети, а еден е загубен пред Основен суд.

По невремето дали Македонците ги откажуваат аранжманите за Халкидики?

Од повеќето туристички агенции велат дека македонските граѓани не ги откажуваат аранжманите за летување на Халкидики, иако минатата недела имаше невреме.

Велат дека дел од клиентите прашуваат дали состојбата е нормализирана, но не го откажуваат одморот. Тие смируваат дека Грците брзо реагирале и ги санирале штетите.

„Нема откажување на аранжмани за Халкидики, иако луѓето прашуваат. Но, ние сме ги провериле сместувачките капацитети, сѐ е во ред и луѓето можат да заминат на одмор спокојно“, велат од штипска туристичка агенција.  Од скопска туристичка агенција додаваат дека за 24 часа местата кои беа погодени од невреме се нормализираа.

Во просек околу 60.000 возрасни лица дневно користат јавен превоз бесплатно во вторник и петок

Ученици, студенти, работници, скопјани, дојденци, пензионери секојдневно ги користат услугите за превоз на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Барем оние кои секојдневно се возат до саканата дестинација користејќи јавен превоз се сведоци на гужви во автобусите посебно во работните денови кога возрасните лица имаат право на бесплатен превоз.

Во вторник и петок просечно според податоците на ЈСП се возат од 56.000 до 73. 000 лица со право на бесплатен превоз дневно. Од податоците кои ги доби Фактор од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје на 09 Јули, во вторник вкупно 58. 742 лица кои имаат право на бесплатно возење користеле јавен превоз. Додека на 05 јули годинава 54.047 возрасни лица се возеле бесплатно во автобусите на ЈСП.  На почетокот на месецов, на 02 јули, вторник 54.642 лица ги користеле превозните услиги за превоз на ЈСП, бесплатно.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант