20 Април, 2024
0.0324

УТРИНСKИ ФОКУС: Од поврат на ДДВ ќе се „офајдат“ богатите - Кои се најплатените банкари

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

„Комерцијална банка“, најголемата домашна банка лани оствари добивка од 29 милиони евра и за тоа своите први луѓе (тројцата членови на Управниот одбор) ги награди со 826.000 евра. Најголемиот ривал „Стопанска банка“ оствари добивка од 44,6 милиони евра и најзаслужните за тој резултат – четворицата членови на Управниот одбор ги плати 530.000 евра. Значи просечно лани член на управата на „Комерцијална банка“ акционерите ги чинела 275.300 евра, а акционерите на „Стопанска банка“ просечно за годишен ангажман на член на УО платиле 132.500 евра за добивка од 44,6 милиони евра

 Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Најавената мерка за поврат на данокот на додадена вредност е повеќе популистичка отколку мерка со која евентуално ќе се постигне целта - намалување на сивата економија и враќање на парите на граѓаните, вели за Фактор Весна Миќиќ Божиновска, главен и одговорен уредник на весникот Вечер. Тврди оти трговците секогаш, па и во овој случај ќе најдат дупка во законот; и ќе продолжат да работат за свој профит, а од новата мерка најголем ќар сепак ќе имаат најбогатите. Миќиќ Божиновска затоа, вели, „Кој има, тој ќе троши, кој троши тој и ќе добива.“


*  Возачки дозволи вадат подеднакво и мажи и жени, ама се повеќе дами полагаат за Ц категорија

Приближно ист број на дами и мажи полагаат годишно за возачка дозвола. Минатата 2018 година според податоците од Министерството за внатрешни работи вкупно 11.520 мажи се стекнале со возачка довола Б категорија и 9.421 дами.

Според Министерството понежниот пол повеќе се интересира за добивање возачка дозвола после 28 година, додека машките лица во земјава за прв пат полагаат за возачка дозвола до својата 27 година.

Лани 1.993 жени од 28 до 37 години лани се стекнале со дозвола за возење автомобил, наспроти 1.349 мажи од иста возраст.


*  Драматичен апел на Заев и Рама: Дајте датум за преговори за пристапување или ќе се соочите со националисти

Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако Албанија и Северна Македонија не добијат зелено светло за старт на преговорите со Европската унија до есента, порачаа премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев за британски Фајненшл тајмс.

Како што пишува тој медиум, премиерите на двете земји ги предупредиле министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на „можни последици“ по одложувањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ за есента.

-Не ни треба нов радикализам, национализам и популизам во нашата земја-кажал премиерот Заев, додавајќи дека не е важно „дали ќе добиеме одлука за почеток на преговори од Европскиот совет во јуни или октомври“, но, истакнува дека „ако тоа е октомври , нека биде конечно“.


*  Денеска во Брисел уште еден „стрес“ за Владата

По заклучоците на Советот на министрите во Луксембург во кои се предлага ЕУ да се наврати на прашањето најдоцна до октомври, конечниот збор ќе го имаат лидерите на земјите членки на денешниот самит во Брисел, каде што се очекува да биде потврдено дека Македонија и Албанија ќе чекаат за одговор за датум за преговори до октомври.

Лидерите на ЕУ за време на самитот во Брисел, кој почнува денес, ќе ги потврдат заклучоците на министрите за надворешни и европски работи донесени во врска со проширувањето. Советот забележува дека тоа е само потврда на заклучоците без дискусија, или дополнителни одлуки, од страна на лидерите на земјите-членки за процесот на проширување. Во рамките на првиот дел од разговорот, се очекува само формално потврдување на министерските заклучоци за проширувањето.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан