18 Април, 2024
0.0276

Уставен суд ги „спасува“ обвинетите и осомничените од СЈО

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По се изгледа дека сите случаи на Специјалното јавно обвинителство се под сериозна закана, откако Уставниот суд поведе постапка за оценување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Токму членот 11-а овозможуваше претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. А сега Уставниот суд ќе утврдува дали членот е во согласност со Уставот. 

Сега постојат две можности, или да се укине членот 11-а, што би значело дека во иднина шефот на државата да не би можел да повлече веќе донесена одлука за амнестија. 

Но, многу понеповолна би била втората опција за случаите на СЈО, а таа е да се поништи овој член. Ова всушност би значело дека која ја направи поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов ќе стапи во сила, што ќе им донесе ослободување на сите обвинети во случаите на СЈО. 

Инаку, Уставниот суд, последната своја одлука, за која гласале мнозинство од петмина уставни судии, ја оправда со образложението дека со Законот за дополнување на Законот за помилување се утврдува законски основ по кој даденото помилување може да се поништи, меѓутоа ваквото законско уредување излегува надвор од дадените надлежности на претседателот, во членот 84 од Уставот и истото основано може да се доведе под сомнение по однос на членот 8, став 1, алинеа 3 од Уставот, бидејќи се повредува принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните.

„Ваквото дополнување на Законот за помилување со кое се дава можност претседателот да го поништи веќе даденото помилување доведува до нееднаков третман до субјектите. Имено и претседателот согласно Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување“, ја објаснија својата одлука од Уставен.

Оттаму посочија дека во повеќе држави членки на Европската Унија од кои беше побарано мислење од добиениот материјал е  констатирано дека во нивните законодавстава не постои можност за повлекување на даденото помилување.

„Имено одлуката за помилување што ја донесува претседателот e sui generis  акт, кој ниту е административен акт што би се оспорувал пред Управните судови, ниту пак нормативен акт што би можел да се оспорува пред Уставниот суд, посочуваат од Судот“, рекоа од судот.

Оттука имајќи ја предвид направената анализа, како и меѓународната пракса, Судот смета дека со воведувањето на можноста за поништување на даденото помилување во оспорениот Закон основано со истото се доведува во прашање неговата согласност со принципот на владеење на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Северна Македонија предвиден од член 8, став 1, алинеа 3 од Уставот.

Според правните експерти со ова дефинитивно се создава терен да се активираат дадените амнестии на над 50 осомничени, обвинети, сведоци во постапките на СЈО, кои Иванов ги амнестираше. Тука спаѓаат Никола Груевски, кој сега е пребеган во Будимпешта, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Миле Јанакиески, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Едмонд Темелко, ексградоначанилците Тони Трајковски и Владимир Талевски...

Дали Уставниот суд ќе падне толку ниско и да се впушти под нивото на било каква правна дисциплина и правно познавање, тоа нека им служи на чест, коментираа дел од експертите на ваквата одлука на Уставен суд. 

А одлуката на Иванов во 2015 да ги помилува околу 50 тина поранешни функционери, предизвика најжестоки граѓански протести, кои потоа прераснаа во Шарената револуција. 


Можеби ќе ве интересира

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!