16 Април, 2024
0.0261

Уште три дена рок до крајот на преговорите: СДСМ и ДУИ во дилема и за претседател на Собранието

Објавено во: Македонија 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Уште три дена има рок до можното објавување на владејачката коалиција, но страните во преговорите кои во моментов се одвиваат активно - СДСМ и ДУИ, се чини дека се далеку од постигнување договор. 

Останува нерешено прашањето за премиерот, односно формулата за истиот - три години тој да биде Македонец и една Албанец, или пак да има друг редослед - првата година да биде Албанец а следните три од мандатот да биде Македонец, но ова прашање отвора и друго, а тоа е и ротација на претседател на Собранието. 

Засега извори од СДСМ тврдат дека комбинацијата со премиер Албанец условена од ДУИ е неприфатлива, додека ДУИ нужно инсистира на албанскиот премиер, кандидатот што партијата на Али Ахмети го промовираше во кампањата. ДУИ дури инсистира премиерот да биде во првата година од 4-годишниот мандат на следната владејачка коалиција, а во наредните три години лидерот на СДСМ, Зоран Заев да биде шеф на Владата. 

Поради недостаток на заеднички јазик за ова прашање, обете страни не ги прецизирале до крај ниту другите клучни прашања, оние за другите ресори и функции, иако во однос на програмата, и двете партии веќе неколкупати изразија дека го поддржуваат истиот курс кон ЕУ и оној на добрососедство. 

Преговорите за новата Влада отвораат и нов аспект, оној за воведување на позицијата шеф на парламентот. Ако во прва година премиерот е Албанец, спикерот ќе биде од СДСМ, додека во следните три години кога премиерот ќе биде од СДСМ, претседател на собранието ќе биде Албанец. 

Според последниот став на Ахмети Ахмети, по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тој одговори дека партиите „се и блиску и далеку од договорот“.  Сепак, за овие услови, партиите сè уште продолжуваат официјално да молчат. Заев пак останува на истиот став дека не треба да се изнесуваат детали се додека не се постигне конкретен напредок во преговорите.


Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница