29 Март, 2024
0.0275

УШТЕ СЕ ТРАГА ПО ЛУЃЕТО: Шест луѓе загинаа при ерупцијата на Нов Зеланд

Објавено во: Свет 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Не е конечен бројот на жртви од ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд. 

Премиерката Џасинда Ардерн, денеска изјави дека големината на трагедијата од вчерашната ерупција на вулканот е катастрофална, а полицијата започна истрага за случајот. 

Уште едно лице починало денес по ерупција на вулканот на островот Вајт. Тоа е едно од повредените лица кое беше во болница.  Сега, официјално, шест луѓе загинаа во оваа ерупција.

Од 47 луѓе кои биле во близина на островот за време на ерупцијата, шестмина загинале, а 30 се повредени. Полицијата соопшти дека има уште осум лица на островот за кои се верува дека исчезнале. 

При ерупцијата имало 24 австралиски туристи на островот, деветмина Американци, пет туристи од Нов Зеланд, четворица од Германија, двајца од Кина, двајца од Велика Британија и еден од Малезија.

Портпаролот на Министерството за здравство Пит Вотсон за медиумите изјави дека е можно да не преживеат сите пациенти. Дваесет и седум лица претрпеле изгореници на повеќе од 30 проценти од површината на телото и „околу дваесет“ се во критична состојба, рече тој.

Меѓу повредените и исчезнатите имало државјани на Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.

По ерупцијата, на Нов Зеланд имаше земјотрес. 

Утре се очекува нова ерупција на вулканот. 

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?