УШТЕ ЕДНА ЖРТВА: Млад лекар почина од коронавирус
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2020
29 годишниот лекар Пенг Јинхуа од градот Вухан вчера почина од последиците на коронавирусот.
Лекарот се заразил грижејќи се за пациентите. Пенг планирал свадба пред неколку недели, но ја одложил за да пружи помош на заболените.
На 25 јануари итно е задржан во болница, а пет дена подоцна, дошло до влошување на неговата здравствена состојба.
Уште не е дојден пресвртот во епидемијата со коронавирусот во Кина и ситуацијата во провинцијата Јубеи и натаму останува тешка и сложена, соопшти денеска Политбирото на кинеската Комунистичка партија, со кое претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг, објави кинеската државна телевизија.
Претходно, и главниот лекар од болницата во Вухан почина од коронавирусот.