УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА РУСКА НАФТА: Веќе течат преговорите за купување
Објавено во: Економија 27 Септември, 2022
Претседателот
на Филипините Фердинанд Маркос Јуниор изјави дека неговата земја е во преговори
со Русија за купување нафта и други стоки и истакна дека националните интереси
мора да имаат предност пред дневната политика.
Маркос во изјава за ТВ Блумберг рече дека Филипините се во „дискусија со што повеќе можни добавувачи“ и се блиску до постигнување договор, пишува Гардијан.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека напорите на САД и Европа да ја изолираат неговата земја со економски санкции ќе пропаднат бидејќи руските компании бараат нови трговски партнери во Азија.
Во последните месеци Русија преговараше со неколку земји во регионот, нудејќи евтини горива во време кога многу земји се соочуваат со зголемување на цените на енергијата.
Според „Гардијан“ и Индонезија наводно размислува да купи руско гориво.
ФОТО: EPA