06 Јуни, 2020
0.0204

УШТЕ ЕДНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА: Анѓушев очекува со новите работни места да се намали емиграцијата

Објавено во: Економија 23 Мај, 2019

Странска инвестиција од Германија ќе започне со работа во државата.  Денес во Владата беше потпишан договор за закуп помеѓу Дирекцијата за Технолошко Индустриски Развојни Зони  и компанијата „Герешајмер“од Германија.

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, директорот на ТИРЗ Александар Младеновски и заменик претседателот за операции глобални и набавки на компанијата „Герешајмер“ Оливер Бургел, и други претставници на компанијата присуствуваа на конференцијата со која официјaлно започна работата на германската компанија во земјава.

Премиерот Заев, пред присутните истакна дека оваа странска инвестиција е една од двете инвестиции кои биле договорени непосредно по потпишувањето на протоколот на земјава за членство во НАТО.

Вицепремерот Анѓушев пак, смета дека оваа странска инвестиција ќе помогне во намалувањето на бројот на млади кои се иселуват од земјава, бидејќи како што истакна тој на ваков тип компанија и се потреби млади образовни кадри.

„„Герешајмер“ е светски позната компанија која произведува медицински помагала, софистицирани технолошки високо развиени амбалажи и компоненти за медицинската индустрија. Точно такви компании се потребни во земјава, компании кои можат да обезбедат работа за младите луѓе во нашата држава со високо образование, компании кои можат да обезбедат пристоен живот, за да нашите млади луѓе не си одат од државата и наместо деца  од земјава да извезуваме производи“ истакна Анѓушев.

Тој исто така посочи дека, станува збор за странска компанија која има отворено 50 фабрики во 15 држави на четири континента која има вработено 10.000 граѓани.

Ова странска инвестиција според планираното во земјава треба да вработи 400 лица.

Фото You tube

Можеби ќе ве интересира

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

Загрозени 40.000 работни места во Македонија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

НАЈСЛАБ РАСТ ОД 2009: Aвстралија влезе во рецесија

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

СТАТИСТИКА: Во Македонија невработеноста е 16.2 отсто

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

Kaко Меркел ќе ја спаси Германија од корона кризата?

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НИЗ СКОПСКИТЕ МАРКЕТИ СНЕМА ЛЕБ - сите пазарат за карантинскиот викенд

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА: 50.000 Хрвати останаа без работа

НИКОЈ НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА: 50.000 Хрвати останаа без работа

ЕВН: Порамнети и корегирани сметки добиват корисниците, од 15 април броилата се отчитуваат

ЕВН: Порамнети и корегирани сметки добиват корисниците, од 15 април броилата се отчитуваат