24 Април, 2024
0.0292

УШТЕ ЕДЕН „НОН ПЕЈПЕР“: Девет европски држави објаснуваат како да се интегрира Западен Балкан

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Девет држави од ЕУ излегоа со „нон пејпер” за забрзана евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. 

Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Литванија, Летонија, Малта и Полска доставија во Брисел свој предлог за „унапредување на процесот и одржлива и забрзана интеграција на Западен Балкан”.

Радио Слободна Европа, која имала увид во т.н. нон пејпер, јави дека деветте членки на ЕУ излегле со предлози околу новата методологија за проширување, која Европската унија, според најавите, ќе ја усвои до крајот на јануари идната година.

Во документот се наведува дека зајакнатиот процес на придружување треба да биде надграден на постојниот консензус за проширување врз основа на принципите: полноправно членство во ЕУ како крајна цел; пристап заснован на заслуги; строго но чесно условување; поттикнување регионална соработка и добрососедски осноси и компатибилност со веќе постоечката преговарачка рамка.

„Потребно е да се одржи способноста на ЕУ да ги интегрира новите членки брз ослабнување на нејзината внатрешна кохеренција. Меѓутоа, внатрешната реформа на ЕУ не може да биде предуслов за проширување. Нашата врата останува отворена”, стои во документот потпишан од овие држави.

Потписничките на овој документ се со став дека политичкиот поттик би требало да вклучува и годишни средби на ниво на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, како и поголемо учество на претставниците од регионот на неформалните средби на Советот. Се предлага „ефикасен и насочен финансиски поттик”, кој ќе го наградува и олеснува напредокот. 

Премиерот на Холандија, Maрк Руте се залага за  раздвојување на пакетот со Албанија, вракајки се на основниот принцип на Унијата,  секоја земја кандидат да напредува согласно сопствените заслуги, објави црногорскиот весник Побједа. 

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП) и поранешен претседател на Европскиот совет, Доналд Туск пред неколку дена му забележа на францускиот претседател Емануел Макрон за односот кон Западен Балкан и предупреди дека процесот за проширување не смее да биде штетен за Северна Македонија и за Албанија.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката