Уште две лица починаа како последица на пожарите во Грција
Објавено во: Балкан 15 Август, 2018
Двајца луѓе кои првично го преживеаја пожарот, починаа во болниците на Атина. Уште 20 лица се под лекарски надзор, а дел од нив сè уште се во критична состојба.
Бројот на луѓе кои загинаа од пожарот се искачи на 96.
Уште две повредени лица кои првично го преживеаја пожарот, починаа во болниците на Атина. Уште 20 лица се под лекарски надзор, а дел од нив сè уште се во критична состојба.
Дел од семејствата на загинатите поднеле кривични пријави против државата за загрозување на животите на граѓаните, особено откако се обелодени дека брегот на морето бил затрупан со дивоградби.
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас минатата недела најави реорганизација на националните служби за вонредни ситуации, по пожарите.