29 Март, 2024
0.1748

УШТЕ ДЕВЕТ ДЕНА: Србија и постави ултиматум на Македонија

Објавено во: Агробизнис 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Договорот ЦЕФТА е во сериозна криза, а идејата за економско поврзување на регионот е на „климави нозе“ поради честите еднострани провокации на одделни влади во регионот и воведување вонцарински бариери во трговијата со Србија, изјави денеска српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ за Танјуг.

Најнов таков случај, како што кажа Љајиќ е спорот со брашното со Македонија, при што тој најави дека доколку до 14 април Македонија не најде решение за увозот на српското брашно, истиот ден Србија ќе примени „полн сет“ контрамерки.

„Доколку до 14 април не најдеме решение, автоматски истиот ден ќе воведеме контрамерки. Немаме друг механизам и бевме доволно време трпеливи и толерантни“ – изјави Љајиќ.

Според него, Србија разбира оти македонската влада е под страшен притисок на „мало воденичарско лоби“, но посочи дека Србија веќе нема да трпи „едно такво нелогично и неекономско однесување.“

„Направен е исчекор по недоамнешните разговори со македонската страна кога е договорено взаемното признавање на сертификатите и на работното време на инспекциите на граничните премини“ – вели Љајиќ. 

Предлагаме и Србија и Македонија, потполно да ги укинеме маркичките, затоа што нема потреба од дупла контрола доколку меѓусебно се признаваат сертификатите затоа што на тој начин се зголемува вредноста на стоката, а на крај, сето тоа го плаќаат купувачите, констатира Љајиќ.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи