Уште 13 цивили настрадаа во руски напад во Украина
Објавено во: Свет 10 Август, 2022
Убиени се 13 цивили во руското гранатирање изминатата ноќ во Украина.
Гувернерот на украинската област Дњепропетровск, Валентин Резниченко изјави дека во Никопољ и Марханец, убиени се 13 цивили. Вели дека се повредени 11 луѓе, меѓу кои петмина тешко. Во болницата во Марханец починаа две лица, а лекарите не успеаја да ги спасат. Марханец е најтешко погоден. Во градот се оштетени 20 повеќекатни згради, училишта, студентски дом и културен центар. Вчера на Крим, Украинците извршија напад, при што едно лице загина, а пет беа ранети.
Украинските власти порачаа дека Крим припаѓа на Украина и од него нема да отстапат.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари.
foto reuters