25 Април, 2024
0.0268

Уште 10 милиони евра отидоа во акции за Комерцијална банка

Објавено во: Економија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Нов „земјотрес“ се случува на Македонска берза во рок од само неколку дена со акцијата на Комерцијална банка АД Скопје. Откако се продадоа акции во вредност од 18,1 милиони евра, сега повторно македонски компании во блок транскации презедоа нови акции од Комерцијална банка АД Скопје во вредност од десетина милиони евра. И овој пат од акциите се „ослободуваат“ странски инвестициски фондови како и во првата мега трансакција пред некој ден. 

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека на 22.03.2018 година во две блок трансакции беа истргувани вкупно 164.332 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 616.245.000 денари“, соопшти Комерцијална банка АД Скопје преку Македонска берза за хартии од вредност. 

На продажната страна на трансакциите се јавуваат странски инвестициски фондови и нивните клиенти, додека на куповната страна се јавуваат две физички лица и следните правни лица: 

Макпетрол АД Скопје

Индустри Сервис ДОО Скопје

М.Г. Фешн ДОО Увоз-Извоз Скопје

ЛЕАН ДОО Скопје

ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Увоз-Извоз Скопје

ИНТ Трејд ДООЕЛ Кочани

Од КБ известуваат и дека секој од купувачите поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката. Доколку некој акционер би го надминал истиот сопственички удел ќе треба да добие и одобрение од Народната банка на РМ што е подолга процедура, па затоа сите удели се под границата од 5%. 

Засега идентитетот на двете физички лица кои презеле дел од акциите на Комерцијална банка во овој блок трансакции се уште не е соопштен. 

Повеќе информации за првичната мега трансакција на Комерцијална банка со над стотина илјади акции преземени од Гранит може да прочитате во продолжение.

Зошто „Гранит“ вложи 7 милиони евра во акции на „Комерцијална банка“?

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ