20 Април, 2024
0.0385

Усеин: Ромите на Западен Балкан се најпогодени од корона кризата

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

„Кризата ги погоди Ромите многу повеќе од останатите луѓе, но исто така ги разгори и прошири негативните наративи кон Ромите во јавноста и особено на интернет“, изјави Орхан Усеин во авторски текст на веб страната на Регионалниот совет за соработка (РСС).

Усеин, кој е раководител на регионалниот проект „Интеграција на Ромите 2020“ во кој учествуваат сите земји од Западен Балкан, потсети дека ситуацијата, „според Балкан барометарот 2020“ „и онака беше тешка“.

Според ова реномирано истражување на РСС, „9% од претпријатијата на Западен Балкан не би вработиле Ром. 33 од 100 лица не би работеле за работодавач Ром. 26% од граѓаните во Западен Балкан не сакаат нивните деца да ја делат училницата со Роми. Повеќе од третина испитаници не би примиле Ром како гостин во нивниот дом“, потенцира Усеин.

„Со ова мораме да се бориме и да го запреме со заеднички регионални напори преку остварување на целите од Декларацијата (од Познан Полска од 2019), една по една. Сите ние ги заслужуваме истите можности. Сите ние сме различни, но исто така треба да бидеме и еднакви“, нагласи Усеин.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо