16 Април, 2024
0.0222

Urime - Македонија стана двојазична држава

Објавено во: Анализа 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Urime за двојазичноста. Големо разочарување од изгласувањето на предлог законот со сите спорни одредби кои се уште не се разгледани од страна на Венецијанската комисија и со многу поголем опфат од едноставно комуницирање на граѓаните кои не се од македонска националност со државните институции како што тоа наивно и бенигно го објаснуваше Зоран Заев. 

Со изгласувањето на предлог законот за употреба на јазиците Македонија станува двојазична држава со тоа што јазикот на граѓаните што го говорат со над 20% ќе влезе во службена употреба во сите државни институции, односно како во градот Скопје така и во сите населени места каде има население од друга заедница од над 20%. Сепак, тоа што најмногу загрижува е загрозувањето на унитарниот карактер на Република Македонија со примената на албанскиот јазик на државните пари, како на книжни така и на ковани со симболи на заедницата од над 20% и нејзиниот јазик и писмо каде за тоа ќе има услови. 

Со тоа се создава една бизарна состојба, парите во општина Чаир на пример ќе бидат на македонски и албански, но какви ќе бидат да речеме во Гевгелија, дали истите ќе влезат во платниот промет и што ако во местата каде живеаат Албанци или друга етничка заедница од над 20% дојдат пари кои се само на македонски јазик, дали ќе бидат прифатени во продавниците?

Дополнителни причини за загриженост се и одредбите со кои се предвидува јазикот на заедницата до 20% да биде дел и од униформите на полицијата, противпожарната служба, на лекарските униформи, на територија на град Скопје и сите други места кои ги исполнуваат наведените услови. Членот 8 од предлог законот е најспорниот и токму тој беше дел од законското решение кое го изгласаа пратениците иако експертите најмногу за него упатуваа критики бидејќи го нарушува концептот на унитарност. Еве како гласи членот 8 со три ставови.

(1) Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

(2) Поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, фактурите од институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, бандеролите, се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

(3) Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Како што може да видите ова целосно излегува од насушната потреба на било кој граѓанин да може да го користи својот јазик во службена комуникација со државните и локалните институции и дава сосема нов карактер на државата.

Проширувањето на правото на користење на јазикот се однесува и на судските постапки, предистражните и истражните постапки во обвинителствата, и институциите за санкции при што јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните ќе треба да се користи соодветно, а исто така и сите одредби во Службен весник ќе бидат објавување и на истиот јазик покрај македонскиот. Во законското решение влегува и испишување на сите инфраструктурни објекти каде се користи јазикот на 20% од граѓаните покрај македонскиот јазик, како улици, мостови, плоштади и друго. Тоа важи и за аеродромите и граничните премини, како и за сите институции. Опфатени се и документите за лична идентификација, патните исправи, нотарските документи, како и изводите од книгите за матична евиденција. 

Се предвидува и формирање на две нови институции, Агенција за за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија која ќе се грижи за спроведување на законот со обезбедување на преведувачи и техничка поддршка, како и Инспекторат за употреба на јазиците кој ќе детектира недоследности во спроведување на законот и ќе пропишува глоби на институции соодветно законските одредби.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза