Уништувани докази во Кривичен суд?
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020
Во моментов се подготвува кривична истрага поради уништување на докази во скандал кој се случил пред неколку години во скопскиот кривичен суд, неофицијално дознава „Правосудство“.
Станува збор за период кога со кривичниот суд претседавал Владимир Панчевски, а биле уништувани бројни докази од предемети кои се однесувале на лица кои му биле подредени на тогашниот премиер Никола Груевски.
Наводно станува збор за тешки форми на злоупотреба, но други детали не се изнесуваат бидејќи е најавена кривична истрага.
Панчевски претходно е поврзан и за уништување на истражни судски решенија за поранешни министри.