20 Април, 2024
0.0260

УНИБанка ќе исплати полугодишна камата за перпетуалните обврзници

Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9 отсто на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници на 22 јануари годинава.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2021 година.

„Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јануари 2021 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 22 и 25 јануари ќе треба да му го уплати износот на чистата цена плус акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 25 Јануари 2021 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата, стои во известувањето.

Во јануари 2019 година, „УНИБанка”  издаде прва емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна,  9 проценти  за првите пет години и се зголемува на 11 проценти по завршување на овој период.Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1000 евра и е прв финансиски инструмент од тој тип на македонскиот пазар.

Перпетуалната обврзница котира и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин