20 Април, 2024
0.0260

УНИ Банка здраво гази, растат нето приходите од камати и надоместоци

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Добри вести за акционерите на УНИ Банка. Растат нето приходите од камати и нето приходите од провизии и надоместоци во услови кога генерално се намалуваат каматните стапки. Нивната банка држи ниво и пазарна позиција и покрај тоа што има благо намалување на добивката во споредба со претходната година

УНИ Банка лани остварила добивка од 4,12 милиони евра и успеала да ги зголеми нето приходите од камати и нето приходите од провизии и надоместоци лани во споредба со 2018 година, покажуваат официјалните податоци објавени на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.  
Нето приходите од камати за лани изнесуваат 12,85 милиони евра и се за 708.000 евра повисоки од 2018 година. Сличен е трендот и кај нето приходите од провизии и надоместоци. До крајот на 2019 година тие достигнале ниво од 2,72 милиони евра и во споредба со истиот период 2018 година се повисоки за половина милион евра. Останатите приходи од дејноста на банката се за нијанса подобри од 2018 година. Тие изнесуваат 569.000 евра.
Ова покажува дека на приходната страна менамџментот лани ги исполнил таргетите во смисла на тоа дека имаат подобри резултати од претходната година во услови кога паѓаат генерално каматните стапки за кредити и за депозити.

Кај расходите многу голем раст на резервациите за кредитните пласмани. Нивото на резервации заклучно со крајот на декември лани е 2,75 милиони евра наспроти 2018 година кога нивото било 924.000 евра. Значајно зголемување има и кај трошоците за вработените. Тие надминаа 5,4 милиони евра и во спроедба со претходната година пораснале за 677.000 евра.

Добивката на банката лани изнесува 4,12 милиони евра и е за 247.000 евра пониска од 2018 година.

На страната на билансот на состојба работите стојат вака: огромен раст на кредитите на други коминтенти (н.з. сите фирми освен банките). Тие се зголемени за 38 милиони евра и на крајот на 2019 година изнесуваат 266,33 милиони евра. Вложувањата во хартии од вредност пораснале за повеќе од 10 пати и тоа од 213.000 евра на 2,2 милиони евра. Вредноста на депозитите на други коминтенти надмина 297,4 милиони евра и бележи раст за 27,9 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?