12 Август, 2020
0.0295

Унгарија не ја прифати „белата листа“ на ЕУ: Орбан ги пушта само Србите

Објавено во: Свет 02 Јули, 2020

Унгарија нема да ја почитува препораката на Европската унија за додавање на земји што не се членки на ЕУ на безбедната патна „бела листа“, со исклучок на Србија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унијата состави список на 14 земји што се сметаат за „безбедни“ за деловни или туристички патувања на тамошните граѓани во земјите-членки. Списокот беше одобрен со мнозинството од 27 членки.

14-те земји се: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

„Во моментов не можеме да го поддржиме решението на ЕУ ... затоа што тоа би било спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ“, рече Виктор Орбан во видеото објавено на неговиот профил на Фејсбук.

Во Србија, единствениот сосед на Унгарија на југ надвор од ЕУ, живее значително унгарско малцинство.

Италија, една од најпогодените земји од „Ковид-19“ во светот, исто така објави дека не ја прифаќа „белата листа“ и ќе одржува рестрикции со карантин за државјани од сите земји што не се во Шенген.

За луѓето што ја преминуваат Унгарија кон други земји, Будимпешта ќе го врати „хуманитарниот коридор“ што оперираше во екот на првиот бран на епидемијата во Европа, рече унгарскиот премиер.

„Секој што патува низ Унгарија треба да го користи овој коридор. Нему ќе му биде дозволено да го напушти овој коридор и ние ќе одржуваме строги гранични контроли“, рече Орбан.

До вчера Унгарија објави 4.157 случаи на позитивни на коронавирус и 586 смртни случаи.


Можеби ќе ве интересира

Во Кина вирусот стигнал од Еквадор

Во Кина вирусот стигнал од Еквадор

Вреќи со огномет имало во пристаништето во Бејрут?

Вреќи со огномет имало во пристаништето во Бејрут?

ВИРУСОТ ИМ СЕ ВРАТИ: Внесен е преку смрзната храна?

ВИРУСОТ ИМ СЕ ВРАТИ: Внесен е преку смрзната храна?

КРИЗА ВО БЕЛОРУСИЈА: Светлана Тихановскаја избега во Литванија

КРИЗА ВО БЕЛОРУСИЈА: Светлана Тихановскаја избега во Литванија

Се преселила во Норвешка и објасни зошто не сака да се врати дома

Се преселила во Норвешка и објасни зошто не сака да се врати дома

Да се спроведат масовни тестирања, бара Европската агенција за инфективни болести

Да се спроведат масовни тестирања, бара Европската агенција за инфективни болести

Eксперти открија што имало во пристаништето во Бејрут

Eксперти открија што имало во пристаништето во Бејрут

Русија денеска прва во светот ја регистрираше вакцината против коронавирусот, Путин ја објави веста

Русија денеска прва во светот ја регистрираше вакцината против коронавирусот, Путин ја објави веста

ОН: Либан две и пол недели без леб

ОН: Либан две и пол недели без леб