29 Март, 2024
0.0251

Улогата на управувањето на земјоделството-Фактор за надминување на кризи

Објавено во: Колумни 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Економските кризи не само што го отежнуваат функционирањето на стопанските субјекти од аспект на економските опстанок и развој, туку создаваат специфички проблеми пред они што ги управуваат фирмите. Овде под фирма се продразбира секоја организација која произведува  за пазар и учествува во него каде спаѓаат и индивидувалните производители. Кај истражувањето на проблемите за кризите, потребно е да се имаат предвид не само однесувањето на големите фирми, туку и реакциите кон фазите на  бизнис  од страна на  “ситните играчи” , кои имаат влијание на пазарот инесамостојно, туку како целост. Значење имаат не само односот меѓу гранките на производството и меѓурегионалните врски туку и трансформација на работната сила од една специјализација во друга, промените во структурата на капиталот и брзината на обртот на функционалниот капитал. За подолг период на време се важни динамиката и односите помеѓу цените, промените во структурата на крајната побарувачка како и извозот и увозот и валутните курсеви. Од гледна точка на субјективниот фактор важни се промените во вкусовите на потрошувачите и предностите кои ги даваат потрошувачките не само на крајниот туку и на меѓуфазни производи. Од друга страна, промената  на технологиите треба да се разгледува не само на продуктивноста на трудот  и намалување на цената на чинење туку и од гледна точка на подобрувањето на условите на трудот и квалификацијата на работната сила.

  Една од важните специфичности на земјоделството е дека тоа има големо значење, не само како извор на работа и исхрана на населението, не само како сигурен снабдувач со суровини за поврзани со него гранки на производство, туку за развој на селскиот туризам и туризмот воопшто, особено во реони каде не недостасуваат социјални, демографски и други фактори на производството за неопходен пристап до работна сила и има траен вишок на работна сила.

  Важен сегмент на особеностите на производните единици во земјоделството во многу земји е дека локалните пазари имаат низок дел и за развој и специјализација, зависи од откупувачите и преработувачите на земјоделските производи. Тоа се должи на фактот дека повеќето земјоделци се во услови на полна конкуренција меѓусебе и не можат да имаат монополска  позиција во однос на пазарите на готови производи. Тогаш кога земјоделците се  систематски  објект на измами од нивните клиенти се случува или одлив на работна сила и капитал или масовни земјоделски протести, кои имаат влијание на национални и транснационални институции за управување и контрола на земјоделството.

  Според  изворите, економските кризи претходно биле кај ефективноста на капиталот, а современите економски кризи се совпаѓаат со демографски и еколошки кризи. Имајќи ја предвид глобализацијата на општествените процеси, управувањето на земјоделството треба да се разгледува на четири нивоа – наднационално, национално, регионално и микро ниво односно кај фирми и кооперативи (задруги). Над национално ниво е потребно уредување не само на односите во размената во земјоделството помеѓу одделни држави , но и решавање на такви проблеми кои се поврзани со глобалното затоплување, поплавите, сушите и другите влијанија (природни) од транснационална природа,  спроти кои одделните држави не можат сами да се бараат зошто е потребна меѓународна координација. На национално ниво треба да се решаваат и дел од проблемите поврзани со загадувањето на животната средина, некои специфични проблеми кои се однесуваат на аграрните кризи и стабилноста на пласманот на производството, плаќањата на земјоделците кај сушни години како и даночната политика во земјоделството. Тогаш кога во даночната политика доминираат фискални функции, треба внимателно да се постапува кон земјоделските производители, имајќи ја предвид големата зависност од природата и тешкотиите за зголемено производство на живиот капитал.

На национално и меѓународно ниво се решаваат и такви проблеми како што е квалитетот и стандардизацијата на производството и нивната здравствена безбедност. Една од функциите на современите  развиени држави меѓутоа е сега и останува во иднина заштита на националните пазари на земјоделските производи од дампинг  кај увозот и нелојална конкуренција, како и дозвола за увоз со оглед на социјално-економско задоволување на потребите на граѓаните и намалување на вредноста на работната сила.

  На ниво на фарма  , се решаваат како проблемите на инвестициите во одделни стопанства, така и прашањата за заштитениот асортиман на производите, преселување на капиталот на од земјоделството во други дејности и комбинација помеѓу земјоделството и туризмот, трговијата и други дејности. Тука е важно градењето на патишта и развој на комуникациите. Тоа не само што ги отвара пазарите за и од земјоделско стопанство, но и овозможува на земјоделците да бидат подобро информирани за нови технологии, промени во побарувачка на производите и сл.

На крај можат да се направат неколку основни изводи и тоа:

-Проблемот за кризите во стопанството е не само економски и социјален туку и во управувањето;

-Во иднина ќе биде уште поголема децентрализација на проблемот на носење на решенија, кога се зголемува довербата помеѓу управувачите и управуваните;

-Ќе се зголеми користењето на интелектуалниот капитал на вработените и  непосредните  односи меѓу фирмите;

-Светските економски кризи започнувале како класично економски;

-Некои кризи на глобално ниво се често не само економски, туку повеќе политички.


Проф.Б.Анакиев; Проф.Ромина Кабранова


Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?