Украле пченица од 50.000 евра во ЗК Пелагонија
Објавено во: Македонија 15 Август, 2020
Од 200 до 240 тони пченица биле украдени од парцели во сопственост на ЗК Пелагонија, соопшти битолската полиција..
-Завчера во 14.00 часот во СВРБитола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица. Според пријавеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра, се вели во полицискиот билтен.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.