20 Април, 2024
0.0319

Украинскиот авион соборен поради серија грешки

Објавено во: Свет 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Иранската агенција за цивилно воздухопловство за случајно соборување на украинскиот патнички авион во кој загинаа 176 лица во јануари вината ја префрли на радарот и недостатокот на комуникација помеѓу операторот за противвоздушна одбрана и неговите команданти, пренесе Ројтерс.

Иранската револуционерна гарда собори авион на украинската компанија на 8 јануари, кратко време по полетувањето од аеродромот во Техеран, а Техеран подоцна призна дека силите кои биле на голема готовност за време на тензиите со САД направиле „катастрофална грешка“. .

"Грешката при прилагодување на радарскиот систем предизвика човечка грешка. Операторот заборави да ја прилагоди насоката на радарот, откако се пресели на нова позиција. Ова беше грешка што придонесе за неправилно читање на податоците на радарот", се вели во извештајот на веб-страницата на Организацијата за цивилно воздухопловство. (CAO).

Во извештајот на CAO, објавен во саботата навечер, се вели дека противвоздушниот систем што го таргетирал авионот бил преместен и „не бил пренасочен како што треба“. Соборувањето на украинскиот авион се случи во време на силна напнатост меѓу Иран и САД.

Иран очекуваше напади од САД во секој момент, откако истрела ракети кон ирачката база во која беа сместени американските сили, одмаздувајќи го убиството на иранскиот воен командант Касем Солејмани во американскиот напад со беспилотни летала во Багдад на 3-ти јануари.

„Неуспехот се случи по преместувањето на една од противвоздушните единици на Техеран ... Тоа се случи како резултат на човечка грешка“, се вели во извештајот на САО, додавајќи дека авионот бил детектиран како мета што се приближува до Техеран.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато