22 Септември, 2021
0.0256

УЈП не блокирала ниту една сметка на газдите за неисплатена плата

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2021

УЈП не блокирала ниту една сметка на газдите за неисплатена плата

Управата за јавни приходи во текот на 2020 на газдите не им блокирала ниту една сметка за неисплатени плати кон работниците. Ова го покажува билансот за неподмирените дваачки од бруто-исплатите за здравствено, пензиско и социјално осигурување, како и персоналниот данок.

Долгот кон УЈП по овој основ бил зголемен во апсолутен износ за 845.249.117 денари или за 11,11 отсто повеќе во однос на една година претходно. Во 2020 година УЈП сепак редуцирано спроведуваше мерки за присилна наплата на неплатените даночни долгови. 

Ова се должи најмногу на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба со која не се издаваше опомена за плаќање на данок и според тоа не можеше да се отпочне постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.

Уставниот суд лани на 24 јуни ја поништи Уредбата, но сепак остана влијанието од  новото деловно опкружување и сите промени во однесувањето на даночните обврзници предизвикани од целокупната здравствена криза и новонастанатите услови во економијата, како и намалените можности УЈП да излезе на терен и вонредната промена на прописите.

„За секој месец Управата за јавни приходи ги изготвува и доставува блокадите во динамика утврдена со Календарот на активности, така што од доставата на опомените до доставата на блокадите поминува времето што ги вклучува законскиот рок во кој електронската достава се смета за уредна, законскиот рок за плаќање по опомена и времетраењето на интерните активности за проверка на уплатите, изготвување на решенијата и сл., но секако пред доспевање на обврската за плаќање за следниот месец.

Ова е редовна динамика на постапување на Управата за јавни приходи во изминатите години, како и во тековната 2021 година, со која има целосна ажурност во постапувањето и спроведувањето на законските овластувања на Управата за јавни приходи.

Во текот на 2020 година согласно со Уредбата со законска сила за примена на ЗДП за време на вонредна состојба Управата за јавни приходи не издаваше опомени за плаќање на данок/долг по основ на МПИН и не отпочнуваше постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.

По престанувањето на вонредната состојба, Управата за јавни приходи ги продолжи своите активности при што ги опфати сите даночни долгови од претходни месеци кои беа доспени и ненаплатени“, се вели во одговорот кој го добивме од  управата.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

КАКОВ РАСПЛЕТ ЌЕ ИМА ЗА ТАРГЕТ ГРУП: Обвинителството е на потег

КАКОВ РАСПЛЕТ ЌЕ ИМА ЗА ТАРГЕТ ГРУП: Обвинителството е на потег

ЌЕ ИМА ПЕНЗИИ ОД ИДНИОТ ВТОРНИК - еве по кој редослед ќе се исплатуваат

ЌЕ ИМА ПЕНЗИИ ОД ИДНИОТ ВТОРНИК - еве по кој редослед ќе се исплатуваат

КОЛКУ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ СЕ ВО БАНКРОТ: Можно е допрва да се затвораат поради кризата

КОЛКУ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ СЕ ВО БАНКРОТ: Можно е допрва да се затвораат поради кризата

МУ СЕ БЛИЖИ ЛИ КРАЈОТ НА ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО - долговите ќе застаруваат по одреден рок, а и затезната камата нема да смее да биде повисока од главницата?

МУ СЕ БЛИЖИ ЛИ КРАЈОТ НА ДОЛЖНИЧКОТО РОПСТВО - долговите ќе застаруваат по одреден рок, а и затезната камата нема да смее да биде повисока од главницата?

Со законски измени до повеќе пари во општинските каси

Со законски измени до повеќе пари во општинските каси

Следниот месец ќе има голем скок на вредноста на биткоинот

Следниот месец ќе има голем скок на вредноста на биткоинот

Статистика објави дека просечната плата изнесува 28.540 денари

Статистика објави дека просечната плата изнесува 28.540 денари

ЦЕЛ ДЕН НА КОМИСИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН - МТСП бара пратениците од опозицијата да не ја кочат расправата

ЦЕЛ ДЕН НА КОМИСИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН - МТСП бара пратениците од опозицијата да не ја кочат расправата

НЕКОИ СНАБДУВАЧИ САКААТ ДА ИМ НАПЛАТАТ ПОСКАПА СТРУЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ - Бислимовски најави црна листа

НЕКОИ СНАБДУВАЧИ САКААТ ДА ИМ НАПЛАТАТ ПОСКАПА СТРУЈА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ - Бислимовски најави црна листа