УДАР ЗА ЕРДОГАН: Потврдена победата на опозицијата во Истанбул
Објавено во: Балкан 18 Април, 2019
Турските власти потврдија , по повеќе од две недели по пребројување на гласовите, по барање на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Турција, на чело со Реџеп Тајип Ердоган дека кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победи на изборите за градоначалник на Истанбул.
Властите, сепак, допрва треба да разгледа вчера поднесено барање од АКП изборите за градоначалник на Истанбул да бидат поништени и гласањето да се повтори. Ако тоа барање биде усвоено, изборите би можеле да се повторат на 2 јуни.
Имамоглу , кандидат на Републиканската народна партија , доби потврда со која се потврдува тесната победа над кандидатот на АКП, Бинали Јилдирим, поранешниот премиер на Турција, неколку часа по последната жалба АКП која е одбиена.
Соопштено е дека Имамоглу го победил Јиллдирим со 13.700 гласови разлика. Оригиналната разлика, пред пребројувањето на серијата, беше 25.000 во корист на Имамоглу.Поддржувачите на Имамоглу (48) се собрале пред градското собрание, каде што му беше предаден сертификат и каде што официјално ја презеде функцијата, извикувајќи "Градоначалникот Екрем".
"Ние сме свесни за потребите на градот. Ги знаеме барањата на граѓаните и ние веднаш ќе почнеме да им служиме", велат поддржувачи на Имамоглу.
На локалните избори што се одржаа на 31 март, партијата на Ердоган освои најмногу гласови во целата земја, но ја загуби Анкара и Истанбул, и во неколку наврати поднесе жалби на резултатите во овие градови.