26 Април, 2024
0.0278

УЧИЛИШТЕ ВО КУМАНОВСКО: Овде времето застанало, родителите бараат подобри услови

Објавено во: Македонија 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Додека се разгледуваат начините како ќе се одвива наставата од септември, поради пандемијата на коронавурсот, родителите од кумановското село Студена Бара бараат подобри услови за своите деца, затоа што училиштето е старо, и е потребно реновирање на тоалетите.

Тие и досега протестираа и бараа условите да се подобрат, но тоа не се случи. Свесни се дека бројот на ученици е мал, но сепак сметаат дека децата заслужуваат подобри услови.

„Училиштето е катастрофа, треба да се реновира, ние одамна зборуваме за тоа. Посебно тоалетите треба да се средат. Ако се уреди, тоа ќе остане за нашите деца и за во иднина“, вели Сашка Павловска, родител.

Oткако фотографија од тоалетите се прошири на интернет, многу од граѓаните искоментираа дека сме далеку од онлајн настава и дека во земјава постојат многу училишта кои се грејат на ќумбиња.

Ова подрачно училиште потпаѓа под централното „Браќа Миладиновци“. Директорката Марина Манојловска објаснува дека внатре инвентарот е сменет, но проблем се тоалетите. Додава бројот на ученици е мал, а пари за реновирање нема.

„Тоа е проблем кој се провлекува од поодамна. Училиштето има вкупно седум објекти, сосе подрачни, реонски простории, и сите се од времето на Југославија. Кога би имала пари, зарем би го оставила така? Секако дека би го реновирала, но училиштето нема средства, ако не добиеме од локалната или централната власт. Како што паѓа бројот на ученици, сметам дека таму за некоја година нема да има упис, а и соседното училиште во село Пчиња е блиску. Таква е состојбата во многу рурални средини“, вели Манојловска.

Во ова училиште се одржува настава од 1 до 5 одделение, по што децата го продолжуваат образованието во соседното село Пчиња.

Постарите мештани велат дека пред 50 години училиштето имало голем број ученици, но поради иселувањето во Скопје и Куманово, денес бројката е многу мала и на прсти се бројот учениците.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот