Убиството на иранскиот генерал ги вивна цените на нафтата
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2020
По убиството на високиот ирански воен командант Касем Сулејмани цените на нафтата скокнаа.
Повеќе од четири проценти е скокот откако во воздушен напад на американските сили во близина на аеродромот во Багдад загина Сулејмани.
Ова убиство веднаш ги зголеми стравувањата од ескалација на Блискиот исток може да доведе до застој во набавката на нафта во светот.
За скоро три долари порасна цената на сировата нафта, која во моментов изнесува 69,16 долари за барел.
Тоа е највисока цена забележана септември.
Светските медиуми пренесуваат дека пазарите се плашат од одмазда на Иран кој сигурно на некој начин ќе се обиде да возврати на нападот.
FOTO: EPA / IRAQS SECURITY MEDIA