Уапсено лице со потекло од Македонија, подготвувал терористички напад во Офенбах
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2019
Германската полиција уапси три лица, двајца Турци и еден Македонец, осомничени за подготовка на напад со бомба во име на ИСИС во западниот град Офенбах, објави Еуроњуз.
Обвинителот на Франкфурт, Надја Нисен, рече дека главниот осомничен е 24-годишник со македонско потекло, кој се обидел да произведе домашна бомба и да набави оружје преку интернет.
Пријавено е дека ова лице е соучесник со двајца осомничени со турски потекло и нивната возраст е на 21 и 22 години.
Германскиот обвинител рече дека овие осомничени „неверојатно со подготвување на терористички напад имале намера да убијат“.