ТУЖБА ЗА НАТO: Адвокати од Србија и Италија ќе бараат оштета

Објавено во: Балкан 15 Јануари, 2021
Соседна Србија ги тужи членките на НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум.
Адвокатски канцеларии од Србија и Италија веќе ги подготвија тужбите за НАТО поради бомбардирањето со осиромашен ураниум во 1999 година, дознава „Политика.рс“.Од НАТО ќе се бара оштета поради заболувања од канцер на војници, полицајци, резервисти кои ја бранеа државата од НАТО агресијата. Тужбата ја подготвувал еден од најдобрите италијански адвокати Ангело Фиоре Тартаља. Тој веќе го доби НАТО на суд од тужбата на италијанските војници кои беа на служба во Косово. Семејствата на војниците добија милионска оштета од Алијансата од 700.0000 до милион евра по лице.
Во случајот на Србија, побарувања имаат околу 2.000 луѓе и се надеваат дека ќе ја добијат истата сума.
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.
Можеби ќе ве интересира
Вучиќ порача дека учебниците ќе ги пишува само Србија, а кому не му се допаѓа дека се жали во ОН и ЕУ

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Мајка ги фрли четирите деца од трети кат за да ги спаси

Словенци кои биле во Намибија се вратија дома заразени со јужноафриканскиот сој

Во соседна земја 12.000 луѓе годишно умираат од загаден воздух

СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот

СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Доктор Славица ги разбива дилемите: Од што зависи јачината на имунитетот по примање на вакцината Aстра/Зенека
