24 Април, 2024
0.0274

Тужба до Управен суд поднесе Еуромакс за Иловица

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Како што и најавија, Канаѓаните поднесоа тужба до Управниот суд на земјава против решението со кое второстепената државна комисија всушност пресече дека тие немаат право да вадат руда на местото каде што се планираше да никне рудникот во Иловица. 

Денеска, како што соопштија официјално од компанијата, Еуромак Рисорсис поднесе тужба до Управниот суд против Решението донесено од Второстепената државната комисија од 5 септември 2019 година, со кое се одбива жалбата на Еуромакс.

„Ние сме уверени во правната позиција на Еуромакс Рисорсис, и остануваме целосно посветени на развојот на Проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на Проектот Иловица-Штука ќе овозможи значајна корист за локалната заедница, како и за економијата на целата државата. Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на Проектот, со што би и се овозможило на Компанијата да управува со безбеден рудник согласно најдобрите светски практики. При тоа, развојот на Проектот ќе отвори многу работни места за локалната заедница и ќе донесе бројни локални инвестиции“, вели Варшан Гокул, Претседател и Извршен директор на Еуромакс Рисорсис. 

Од компанијата, во своето писмено соопштение до јавноста додаваат и дека досега Еуромакс има инвестирано над 50 милиони евра во истражувањето и дефинирањето на Проектот Иловица-Штука. 

„Она што е пред нас, не е одлуката дали тука треба да има рудник, туку кој ќе управува со него. Со почитување на принципот на владеењето на правото постои можност да се продолжи со развој на Проектот и со тоа да се покаже на меѓународната заедница дека во државата владее пријателска клима за поттикнување странски инвестиции“, потенцираат од компанијата. 

Додаваат дека со овој проект ќе се обезбеди безбедно, одговорно и модерно рударство, бидејќи тој е во согласност со стандардите за меѓународни најдобри практики и модерни технологии кои се користат во Европа, САД и Канада. 

„Преку почетната инвестиција од 343 милиони евра и работењето ќе се зголеми БДП на земјава за 3 отсто на годишно ниво и ќе се рангира проектот во топ 3 извозници во Македонија со извоз од 400 милиони евра годишно“, нагласуваат од компанијата.

А пред околу две недели министерот за економија Крешник Бектеши веќе го стави својот потпис на одлуката за еднострано раскинување на договорот со Еуромакс Рисорсис. Но и тогаш информациите на Фактор говореа дека компанијата нема така лесно да се откаже од својата планирана инвестиција. 

Бектеши тогаш изјави дека Владата ги има аргуметите и дека не носат никакви емотивни одлуки туку одлуки во рамки на сите процедури и закони.

„Ако мислат дека би требало да одиме на некаков меѓународен суд, ние сме подготвени како држава и како Влада да ги браниме нашите ставови. Одлуката на Второстепената комисија е конечна. Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со Иловица и сега ќе оди низ владини процедури, преку Генерален секретаријат, преку соодветните комисии и потоа на седница на Влада, каде треба да се расправа и да се донесе соодветна одлука“, образложи Бектеши.

( Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела